Дефанзивецот на Севиља, Жул Кунде е трансферна цел на Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунер Солскјер останал воодушевен од квалитетите на 22-годишниот дефанзивец и ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“ во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кунде има договор со Севиља до 2024 година со откупна клаузула од 82 милиони евра, па на Јунајтед нема да му биде лесно да го доведе среде сезона.
Дефанзивецот игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Реал Мадрид, па Јунајтед ќе мора да ја победи конкуренцијата.