Дома Фудбал Англија Солскјер се огласи за пеналите во Јунајтед!

Солскјер се огласи за пеналите во Јунајтед!

Mногу внимание во Англија привлече промашениот пенал на Пол Погба во натпреварот против Вулверхемптон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погба пропушти шанса да постигне гол за три бода, а после натпреварот англиските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер бил многу лут.

Се пишуваше дека поради тоа го поставил Маркус Рашфорд за прв изведувач на пенали, но сега тоа се покажа како лажна вест.

Солскјер денес откри дека не донел никаква одлука и дека Рашфорд и Погба ќе продолжат да се ротираат како изведувачи.

„Сигурен сум дека Погба наскоро повторно ќе постигне гол од пенал. Констатно вежба, а Маркус и Пол се оние кои се задолжени за изведувањето пенали на натпреварите. Одлуката за тоа кој ќе шутира не сум ја препуштил на играчите. Ги избрав нив двајца“, изјави Солскјер.

Јунајтед во третото коло од Премиер лигата утре на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …