Дома Фудбал Англија Солскјер се жали на судењето: Оштетени сме!

Солскјер се жали на судењето: Оштетени сме!

Манчестер Јунајтед синоќа доживеа шокантен пораз на „Олд Трафорд“ од Шефилд Јунајтед (1:2).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Солскјер по мечот изјави дека не е задоволен од реакцијата на својот тим, но за поразот го обвини судијата.

„Првиот гол беше чист фаул од Били Шарп над Де Геа, има контакт и нашиот голман не може да скокне по топката. На другата страна, немаше прекршок при оној поништен гол на Марсијал. Две грешки на судиите,но арбитражата е неконстантна цела сезона“, истакна Солскјер.

„Факт е дека и ние не беевме оние вистинските, имавме посед на топката, но ни недостигаше малку „магија“, да креираме шанси и да постигнуваме голови. Без оглед на се, на овој пораз на треба да се гледа како на нешто страшно, туку на нешто што може да се случи во фудбалот“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Брутална казна: Германскиот клуб поради навивачите мора да плати повеќе од 300.000 евра

Поради несоодветното однесување на своите навивачи на последниот лигашки натпревар од мина…