Дома Фудбал Англија Солскјер: Сакам да го гледам Мурињо како глуми

Солскјер: Сакам да го гледам Мурињо како глуми

Дербито на 4. коло во Премиер лигата во недела ќе го играат Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На два дена пред овој натпревар Солскјер зборуваше за неговиот колега на спротивната страна, Жозе Мурињо.

„Жозе е харизматичен тренер. Вие, медиумите уживате во комуникацијата со него, а јас сакам да го гледам како глуми. Не ми е лесно да се вклучам во овие игри. Многу го почитувам Жозе како тренер поради неговите резултати и се што даде на фудбалот“.

„Поминуваме низ чудни времиња и некогаш едноставно треба да се забавувате. Ние двајцата дадовме неколку коментари за забава. Важно е да се забавуваме, а Жозе секогаш прави нешто неверојатно на своите прес-конференции, но и на теренот“, изјави Солскјер.

Од почетокот на сезоната Тотенхем од три натпревари освои четири бода додека, додека Јунајтед има три бода, но од два одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА ја исполни желбата на Аргентина пред полуфиналето со Англија

ФИФА го прифати посебното барање на фудбалската репрезентација на Аргентина пред полуфинал…