Дома Фудбал Солскјер потврди, остана без еден од најдобрите фудбалери

Солскјер потврди, остана без еден од најдобрите фудбалери

Манчестер Јунајтед го загуби на неколку недели еден од своите најдобри фудбалери, Пол Погба.

Французинот заработи повреда на бутниот мускул на дуелот со Евертон и ќе отсуствува од терените неколку недели.

Ова го потврди менаџерот Оле Гунер Солскјер пред дуелот со Вест Хем во ФА Купот утре.

„Рехабилитацијата на оваа повреда трае неколку недели. Тој веќе започна да работи со медицинскиот тим, за да може да се врати што е можно побрзо. Пол е многу важен за нас, па нема да ризикуваме ништо“, изјави Солскјер.

Норвежанецот меѓу другото истакна дека амбициите на Јунајтед оваа сезона се да се пласира во финалето од ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осман блесна со првите голови: Брајтон ја наполни мрежата на Крајова

Ибрахим Осман постигна два гола и асистираше во победата на Брајтон од 4-0 над Универзитат…