Дома Фудбал Солскјер: Ова е невидено, играме четири меча за седум дена

Солскјер: Ова е невидено, играме четири меча за седум дена

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер го крена гласот против интензивната програма на неговиот тим.

„Црвените ѓаволи“ ќе играат четири натпревари за само една недела. Синоќа играа против Рома, а веќе во недела му гостуваат на Астон Вила. Во вторник го дочекуваат Лестер, а два дена подоцна ќе го играат дербито со Ливерпул.

„Ова е невидено. Програмата ја правел некој кој никогаш не играл фудбал на вакво ниво. За фудбалерите е физички невозможно да играат во четврток, во недела, во вторник и повторно во четврток. Ќе се обидеме да играме што е можно подобро, имаме потреба од сите фудбалери“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси не забавува ни на 39: Со мајсторија донесе пресврт и второ место за Интер Мајами

Аргентинецот асистираше, па погоди во 83. минута за победа од 2:1 кај Њу Ингланд. Сезонава…