Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше презадоволен од победата на својот тим против Лидс од 6:2 во натпреварот од 14. коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ со натпревар помалку имаат пет бодови помалку од Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Игравме фантастично од првата минута. Замислете на стадионот да имаше 75.000 луѓе. Натпреварот ќе влезеше во историјата како еден од најголемите против Лидс. Резултатот можеше да биде и 12:4, таков беше натпреварот“, смета Норвежанецот.
На Солскјер му се допаднала играта на неговиот тим.
„Играта беше луда, брза…Без оглед на резултатот Лидс секогаш има ист стил и на 5:0 и на 0:5. За местото на табелата не сакам да зборувам, рано е. Се уште не сме поминале ниту поовина пат, но гледам напредок“, изјави Солскјер.
Во следното коло Јунајтед ќе му гостува на Лестер.