Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер неодамна потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајтед, а медиумите на Островот пренесуваат дека ќе направи големи промени во тимот за време на летниот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека челниците на клубот одобриле рекорден буџет за засилувања. Наводно, Солскјер на располагање ќе има 250 милиони евра за засилувања, а тоа може да се зголеми и доколку Јунајтед продаде некој, а тоа веројатно ќе се случи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Основна трансфер цел на Солскјер ќе биде англискиот репрезентативец и член на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. 18-годишниот талент игра фантастична сезона во Бундеслигата, каде е најдобар асистент.
Јунајтед сака да го подмлади тимот особено со англиски фудбалери, па на листата се уште Ходсон Одој, Арон Бисака и Деклан Рајс.
Притоа, „црвените ѓаволи“ сигурно ќе донесат едно големо засилување во одбраната, а најголеми желби се Кулибали и Алдервајлед.
Manchester United will rival Manchester City for Crystal Palace's £40m-rated English defender Aaron Wan-Bissaka. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/2iO7X9BIZP
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 14, 2019