Дома Фудбал Лига на шампиони Солскјер го открива планот за гостувањето кај ПСЖ: Може ли да му успее?

Солскјер го открива планот за гостувањето кај ПСЖ: Може ли да му успее?

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го кажа планот по кој планира неговиот тим да игра на гостувањето кај ПСЖ.

Јунајтед во првиот натпревар загуби на домашен терен со 2:0 и ќе има тешка задача на крајот да дојде до пласман во четврт финалето.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Сепак, Солскјер очигледно нема намера да се предаде, па го изнесе и планот по кој неговиот тим ќе игра.

„Како прво, ќе излеземе на теренот и ќе уживаме во натпреварот. Знаеме дека е тешко да дојдеш овде и да одиграш добро, како што ПСЖ одигра на Олд Трафорд, така да ова ќе биде голем предизвик да се покаже што можеме.“ – изјави Солскјер и додаде:

„Подобро да победиме 4:2 отколку 2:0/ Мора да одиграме добро прво полувреме. Ако успееме да поведеме со 1:0 во првиот дел, тогаш е се можно во вториот. Можеме да отидеме таму, да постигнеме погодок и да направиме вистински хаос во последните 15-20 минути.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…