Дома Фудбал Англија Солскјер: Веќе ви кажав дека големи очекувања ќе имаме наредната сезона, не оваа

Солскјер: Веќе ви кажав дека големи очекувања ќе имаме наредната сезона, не оваа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека неговиот тим не може да игра како големиот ривал Манчестер Сити.

„Црвените ѓаволи“ во 19. коло остварија победа против Њукасл (4:1) и така се вратија во победнички ритам.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во овој момент не можеме да играме како Сити, но можеме да играме со многу повеќе енергија. Мораме да покажеме несебичност, енергија и брзина, тоа е начинот на кој треба да играме за да се обидеме да дојдеме до нови победи“, изјави Солскјер.

Норвешкито стратег верува дека неговиот тим ќе обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.

„Треба да го обезбедиме четвртото место пред самата завршницата, но може да одлучува последнниот натпревар. Веќе кажав дека имаме млад тим и дека големи очекувања ќе имаме наредната година, а не сега“, порача стратегот на „црвените ѓаволи“.

Во овој момент Јунајтед се наоѓа на седмото место на табелата со 28 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Звучи неверојатно, но ова на Перез никогаш не му успеало во Реал Мадрид

Славниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез со овој клуб oствари бројни успеси н…