Дома Фудбал Солари во понеделник добивa отказ, Мурињо повторно на клупата на Реал Мадрид?

Солари во понеделник добивa отказ, Мурињо повторно на клупата на Реал Мадрид?

Сантијаго Солари во неделата ќе го има својот последен натпревар на клупата на Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После катастрофалните резултати и фактот што Реал уште на почетокот на март остана без шанси за трофеј, претседателот на Кралевите, Флорентино Перез одлучи да ја заврши соработката со аргентинскиот тренер.

Така Солари својот последен натпревар ќе го има во неделата против Ваљадолид, а веќе во понеделник, ако им се верува на странските медиуми, Реал ќе го превземе Жозе Мурињо, за кој тоа ќе му биде враќање на клупата на еден од најголемите светски клубови.

Тој ги предводеше Кралевите во периодот од 2010. до 2013. година и со нив го освои првенството и Кралскиот куп, за потоа да замине во Челси,а подоцна и на клупата во Јунајтед.

Серијата лоши резултати и игри во Јунајтед резултираа со отказ. Беше отпуштен на крајот на 2018. година и од тогаш е без ангажман.

Сега веројатно се враќа на голема врата. Ќе му биде должност до крајот на сезоната да го стабилизира тимот, и од наредната сезона повторно да го врати тимот на шампионските патеки.

Шпанските медиуми исто така пренесуваа дека на Мурињо ќе му биде даде буџет во вредност од 550 милиони фунти, а на листата на желби се Алекс Сандро, Хари Кејн, Кристијан Ериксен и Канте.

Од друга страна шпекулациите говорат дека Кралевите можат да ги напуштат Марсело, Бејл, Бензема, Иско, па и Лука Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве како Жозе Мурињо реагираше на повторниот избор на Перез во Реал Мадрид

Флорентино Перез, како што се очекуваше, ги освои претседателските избори и ќе остане на ч…