Португалецот доби посебен поклон од еден свој соиграч.
Кристиано Роналдо добро се снајде во редовите на својот нов клуб и игра навистина одлично. Во овој момент во Серија А е втор стрелец зад полското чудо Пијатек. Освен тоа што е расположен за голови, Роналдо запиша и пет асистенции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Нема сомневање дека еден од неговите омилени соиграчи е Федерико Бернанрдески, кој одлучи за католичкиот Божиќ да направи нешто посебно за првата ѕвезда на „старата дама“.
Имено, Бернардески му подарил на Роналдо огромен портрет од познатиот сликар од Фиренца Муран Биали.
Роналдо подоцна преку Инстаграм му се заблагодари на соиграчот со фотографија покрај самиот портрет.