Дома Македонски спорт Соиграчот воодушевен од Миовски: Ме шокираше, никој друг не остава топка кога може да постигне хет-трик

Соиграчот воодушевен од Миовски: Ме шокираше, никој друг не остава топка кога може да постигне хет-трик

Бојан Миовски е главна тема во Абердин, Македонецот игра фантастично во првите натпревари за шкотскиот премиерлигаш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Освен со головите Миовски ја воодушеви јавноста и со тоа што за викендот имаше можност да постигне хет-трик, но го препушти пеналот на својот соиграч Висенте Бесуијен. По натпреварот Колумбиецот откри дека бил изненаден од несебичниот гест на нашиот напаѓач.

„Нема дилеми дека Бојан е нашиот пеналџија. Кога го добивме вториот пенал тој ме погледна и ми кажа – сакам ти да го изведеш. Бев изненаден и шокиран затоа што никој друг не би препуштил топка кога може да постигне хет-трик. Гестот беше навистина прекрасен, покажа дека верува во мене и ми ја зголеми самодовербата“.

„Експресно се адаптираше на нашиот стил на игра, тој е големо засилување за нас и констатна опасност за противнциите“, изјави Бесуијен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…