Дома Трансфер зона Совет за Озил: Ако сакаш трофеи дојди во Баерн!

Совет за Озил: Ако сакаш трофеи дојди во Баерн!

Поранешниот решрезентативец на Германија, Михаел Балак му порача на својот сонародник и ѕвезда на Арсенал, Мезул Озил дека би имал многу корист доколку направи трансфер во Баерн Минхен.

„Месут е неверојатен играч. Тој знае дека една од главните ѕвезди во Арсенал. Многу клубови сакаат да го имаат во своите редови. Но, доколку Озил сака да освојува трофеи тогаш во Баерн би имал многу поголеми шанси за тоа“, изјави Балак.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Баерн и Челзи смета дека пороблемот околу трансферот е платата на играчот.

„Мислам дека платата на Озил ги обезхрабрува Баварците. Доколку погледнете колку пари трошат клубовите во Англија и Кина, јасно е дека Баерн наскоро на доведување играчи ќе мора да троши 50 и повеќе милиони евра. Мораат напорно да работат доколку сакаат да бидат на ниво на најдобрите клубови. За купување играч од светска класа неопходна е голема инвестиција“, заклучи Балак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…