Дома Фудбал Англија Совет за Гвардиола: Понуди ги Стоунс и Отаменди, плус 150 милиони фунти за Ван Дијк

Совет за Гвардиола: Понуди ги Стоунс и Отаменди, плус 150 милиони фунти за Ван Дијк

van dijk

Поранешниот англиски дефанзивец Стен Колмор смета дека Манчестер Сити би требало да ги понуди Џон Стоунс и Николас Отаменди, плус 150 милиони фунти за стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк.

Одличниот стопер е еден од клучните играчи на Ливерпул од пристигнувањето од Саутемптон за рекордна сума


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Пред да потпише со Ливерпул, Ван Дијк беше и на радарот на Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, а токму овие два тима оваа сезона водат жестока борба за титулата во Премиер лигата.

„Ја би ги понудил Џон Стоунс и Николас Отаменди, плус 150 милиони евра за Ван Дијк и не би престанал да ги убедувам додека Ливерпул не ја прифати мојата понуда, едноставно е премногу добар“.

„Знам дека Јирген Клоп има долгорочен договор на „Енфилд“ и дека ако Ливерпул не победи во Премиер лигата, тие ќе завршат веројатно на втората позиција и нема да сакаат да ги продаваат своите најдобри играчи. Посебно не на своите ривали“.

„Но Ван Дијк е еден од оние неверојатно талентирани спортисти и значително би ја подобрил одбраната на секој тим во светот. Ако Сити сака да стане доминантна сила нека го доведат Ван Дијк. Тој мора да вреди најмалку 175 милиони евра“, смета Колмор.

Ливерпул го доведе Ван Дијк за 75 милиони фунти, а неговата вредност на трансфер пазарот драстично се зголеми после фантастичната сезона на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…