Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер смета дека Барселона не треба да брза со доведувањето на нов напаѓач бидејќи во своите редови има квалитет.
Барса е решена во намерата дополнително да го засили нападот, иако минатото лето го доведе Гризман за 120 милиони евра. Засега најмногу се пишува за Лаутаро Мартинез. За да го доведат играчот на Интер Каталонците ќе мораат да платат цели 100 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Венгер смета дека Барселона нема потреба да брза.
„Свесен сум дека Барса ги сака најдобрите играчи, но не сум сигурен дека на Луис Суарез во овој момент му е потребна замена. Освен тоа тука е Гризман мислам дека не требаат да брзаат затоа што тој ќе проработи“, изјави Французинот.
Гризман во актуелната сезона до прекинот постигна 14 голови на 37 натпревари.