Дома Фудбал Англија Совет до Челзи: Купете го Роналдо, тој е она што ви недостасува

Совет до Челзи: Купете го Роналдо, тој е она што ви недостасува

Ова лето Челзи го напуштија  Лукаку и Вернер, па клубот во финишот е во потрага по засилување во нападот.

Местото во нападот на Челзи го пополнува Каи Хаверц, но може да се забележи дека недостасува класична деветка. Легендарниот Пол Мерсон смета дека Кристијано Роналдо би можел да ги реши проблемите во офанзивата на „сините“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Челзи беше фантастичен против Тотенхем минатата недела, доминираа од почеток до крајот., Но тоа што немаа класичен голгетер или центарфор ги чинеше три бода. Покрај нивната доминација, Лорис имаше само една одбрана, тоа е доволно да го знаете за нивниот напад“.

„Чудно ми е зошто не тргнуваат по Роналдо, токму тој е она што им недостасува. Играта на Челзи во овој момент многу му одговара на Роналдо и ќе ги реши сите проблеми во нападот. Тухел располага со одлични крилни бекови кои доминираат и можам само да замислам колку гола би постигнал Роналдо по нивните нафрлувања“, изјави Мерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…