Иако станува збор за снимка од пред 13 години не е тешко да препознаете за кого се работи.
Диего Коста кариерата ја започна во Брага која го позајми во Пенафил каде што одигра 13 натпревари и постигна пет голови во сезоната 2006/2007, а потоа премина во Атлетико кој веднаш не му даде шанса, но неколку години подоцна во него „јорганџиите“ добија одличен голгетер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На еден од тренинзите во Пенафиел во 2006 година локалната телевизија разговараше со Коста кој тогаш како младо момче сонувал да го најде своето место под фудбалското сонце.
На крајот и успеа во тоа, а кариерата му ја обележи неговиот избувлив карактер и конфликтите со голем број фудбалери и тренери.