Дома Фудбал Останато Снајдер отворено за времето во Реал: Вотката беше мој најдобар пријател

Снајдер отворено за времето во Реал: Вотката беше мој најдобар пријател

Пензионираниот холандски фудбалер Весли Снајдер отворено призна зошто неговата епизода во Реал не беше успешна.

Снајдер на „Сантијаго Бернабеу“ дојде од Ајакс за 27 милиони евра, но како релативно млад играч во Реал не се снајде и денес жали поради тоа. За грешките од младоста Снајдер пишува во неговата нова автобиографија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не можам да кажам дека нешто ми недостигаше во Реал, играв добро, но можев и многу подобро. После некое време сфатив дека морам да бидам сам и дека вотката ми е најдобар пријател. Физички мислев дека нема проблем, другиот ден станував како се да е во ред. Но, работите одеа се полошо и полошо. Зборував дека се ќе биде во ред, меѓутоа тоа беше залажување. Ван Нистерлој и Робен ме предупредуваа дека со таков начин на живот нема да издржам долго. Со текот на времето паднав физички, помалку трчав, а повеќе се криев од теренот“, признава Снајдер.

Колку во Реал веруваа во Снајдер кога дојде покажува тоа што му го дадоа бројот кој претходно го носеше Дејвид Бекам. Холанѓанецот после епизодата во Реал премина во Интер каде што ја оживеа својата кариера, подоцна го носеше дресот уште на Галатасарај, Ница и Ал Гарафа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…