Дома Македонски спорт Слушнете ја првата изјава на Дарко Панчев по епското финале во кое застана на тронот на Европа (ВИДЕО)

Слушнете ја првата изјава на Дарко Панчев по епското финале во кое застана на тронот на Европа (ВИДЕО)

Црвена Звезда во 1991 година го освои Купот на европските шампиони или денешната Лига на Шампиони. Еден од најзаслужните за тој трофеј на Звезда беше и нашиот Дарко Панчев.

Панчев го имаше одлучувачкиот момент во финалето. Откако резултатот беше нерешен после 120 минути се пристапи кон изведувањето на пенал, а пенал рулетот го реши Панчев.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска легенда доби прилика да го решава натпреварот и се чекаше неговиот гол за ерупција помеѓу црвено-белите навивачите. Дарко не разочара, беше сигурен и ја израдува Југославија.

„Не знам што да кажам, толку сме уморни и психички и физички…Ова е најсреќниот ден во мојот живот, дадов безброј голови и од тешки и од лесни позиции, но ова ми е навистина најдрагиот гол во кариерата. Мислам дека и ние играчите уште не сме свени што направивме. Да се освои европскиот куп на Шампиони е нешто најголемо кое секој играч може да го посака“, кажа помеѓудругото Панчев.

Слушнете ја во целост неговата изјава:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Младинците победија, кадетите поразени од Словенија

Македонските ракометни надежи во Зрче одиграа две пријателски средби со Словенија и со нив…