Проблематичната финансиска ситуација во Барселона почнува да прави проблеми и во кошаркарскиот клуб, барем според информациите на шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес „АС“ во своето ново издание пишува дека Барселона поради финансиите би можела да остане и без првата ѕвезда во кошаркарскиот тим, Никола Миротиќ. Како што е познато слично сценарио видовме во фудбалскиот тим на Барселона од каде што си замина Меси.
Наводно разговорите помеѓу Миротиќ и Лапорта во кои кошаркарот треба да прифати намалување на платата се влезени во ќорсокак.
Се пишува дека Барселона се обидела да му ја намали платата на Миротиќ, но тој одбил такво нешто. Ако нема договор за намалување на платата многу лесно може да се случи соработката да биде раскината.