Промотивната карикатура која ја објави ФИФА како најава за Светското првенство предизвика многу реакции во српските таблоиди.
Причината е што на десната карикатура на сликата се наоѓа Гранит Џака, капитенот на Швајцарија со албанско потекло кој го гушка српскиот капитен Душан Тадиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Провокација или голем гаф“, се најголем дел од насловите на српските медиуми. Случајно или намерно, не е познато, но фотографијата секако предизвика бурни реакции.
„ФИФА ја шокираше Србија! Зошто нашиот Тадиќ е гушнат од провокаторот Џака?!“, пишува Ало.рс.
„Ако сте заборавиле, да ве потсетиме. На Светското првенство пред четири години Џака направи голем скандал кога „леташе орел“ (симболот на Албанија) после голот против Србија. За жал тие провокации беа казнети само парично“, се наведува во текстот.
Who are you most looking forward to watching at the World Cup this year? 💭 #Qatar2022 is calling! 🏆 pic.twitter.com/xg68Bz4ipH
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) June 14, 2022