Дома Топ вести Случајно или намерно, Суарез изгледа ја потврди трансфер „бомбата“ за Барселона!

Случајно или намерно, Суарез изгледа ја потврди трансфер „бомбата“ за Барселона!

suarez

Го потврди ли Луис Суарез првиот голем трансфер ова лето…

Голем број медиуми го најавија трансферот на Антоан Гризман во Барселона и очекувањата се Каталонците да ја платат клазулата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот неколку месеци наназад се поврзуваше со Барселона, а наводно договорот веќе е постигнат.

„Горд сум кога гледам дека во нашиот тим пристигнуваат квалитетни фудбалер како што Антоан, исто како што беа Дембеле и Кутињо. Гризман е играч кој носи огромен квалитет и прави разлика бидејќи веќе со години игра високо ниво. Тој е клучен играч на Атлетико Мадрид“, изјави Суарез, а пренесува ургувајското радио „Ринкон“.

Сепак Ургуваецот порача и дека нема да го отстапи местото во тимот.

„Тој не доаѓа да го земе моето или некое друго место во тимот, туку за да освојува трофеи и постигнува големи работи. Ќе биде добродојден во нашиот тим“, заврши Суарез.

Откупната клазула на Гризман изнесува 100 милиони евра, а според медиумите во Каталонија Гризман веќе и си го избрал дресот со број седум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …