Дома Македонски спорт Словенците шокирани од изјавата на Пандев: Не понижи!

Словенците шокирани од изјавата на Пандев: Не понижи!

Репрезентацијата на Македонија вчера ја победи Словенија во Скопје со одлична игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Словенците не прикажаа некоја игра и ние заслужено ги победивме. После натпреварот нашиот капитен даде изјава за нивните медиуми.

Во таа изјава Пандев им ја кажа само вистината и она што реално можеше се забележи на теренот.

„Словенија го има Јосип Иличиќ кој е одличен играч, но нема никој друг. Останатите играчи не се ни блиску до тоа да размислуваат за лесен на пласман на ЕП. Кажав и пред натпреварот, дека Словенија не е ништо посебно, тоа и се потврди. Во ред, го имате Облак, за него нема потреба да се зборува сите знаеме каков голман е, но кога нема поддршка од соиграчите не може да ве одведе никаде. Навивам за Словенија против Австрија, сепак само со Иличиќ се плашам дека немате многу шанси. Се е во рацете на Господ“, изјави Пандев.

Оваа изјава на Пандев се пренесува како шокантна во словенските медиуми и тврдат дека нашиот капитен ги понижил со ваквата изјава.

Меѓутоа интересно е што поголем број коментари од Словенците на оваа објава беа на страната на Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …