Дома Фудбал Репрезентации Словенците се исплашија од Елмас! (ФОТО)

Словенците се исплашија од Елмас! (ФОТО)

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас блесна против Летонија и беше еден од најзаслужните за победата на нашата селекција во јубилејниот 100-ти натпревар за Горан Пандев.

Елмас во победата од 3:1 учествуваше со два гола од кои едниот беше вистинско ремек дело во завршницата од натпреварот. Веќе подолго време Елмас важи за супеталентиран фудбалер со голема иднина, а после настапот против Летонците словенските медиуми се плашат најмногу токму од него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После победата против Летонија Елмас објави фотографија од него и Пандев преку која порача дека е горд што е Македонец.

„Гранде Пандев! Горд сум што сум МАКЕДОНЕЦ!“, стоеше во описот на младиот фудбалер.

Токму овој статус словенечкиот медиум „Екипа24“ го искористи да најави каква опасност следи за нивниот гол и еден од најдобрите светски голмани во овој момент Јан Облак кој го брани голот на Атлетико Мадрид.

Насловот со кој излезе овој медиум е следниот: „Младиот Турчинот, кој е горд Македонец е најголемата опасност за Облак“.

Во текстот се истакнува дека Македонија кога ќе се спореди со Словенија има помала вредност на тимот. Словенците во просек вредат околу 5.8 милиони евра, додека нашиот за 1.8 помалку. Елмас се истакнува како посебен „џокер“ на Игор Ангеловски и за него пишуваат дека овој момент вреди 7.5 милиони евра. На крајот се додава и дека ќе се излажат ако се сомневаат во неговата лојалност кон Македонија, без разлика што по потекло е Турчин.

Натпреварот помеѓу Словенија и Македонија се игра утре со почеток во 20:45 часот и ние се надеваме на нова победа на нашата селекција.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…