Освојувачот на бронзениот медал од последниот Мундијал, Словенија на гостувањето во Унгарија успеа да слави со 26:22, но тоа беше пирова победа со оглед на фактот дека во првиот меч пред своите навивачи беа поразени со пет гола и следната година нема да имаат шанса да го бранат третото место.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Швеѓаните успеаа да ја надополнат негативата од еден гол во соочувањето со Холандија и по победата на домашен терен од 26:20 обезбедија настап на првенството. Австрија ја совлада Белорусија со 31:26 и по нерешениот резултат во првиот дуел стигна до ново учество на Мундијалите додека Исланд во реваншот долго го кршеше отпорот на Литванија, но на крајот славеше со 34:31.
Денеска ќе бидат познати и последните учесници на шампионатот од Стариот континент. Србија и гостува на Португалија и брани предност од седум гола додека Хрватска и гостува на Црна Гора по домашниот триумф од 32:19. Претходно преку баражите пласман на Светското првенство обезбедија Русија и Норвешка.