Селекторот на младата репрезентација на Словачка, Павел Хапала, по елиминацијата на неговата репрезентација од ЕП, директно ги обвини Германија и Италија и ги нарече срам за фудбалот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Словачка не успеа како најдобра вторпласирана селекција да избори полуфинале на ЕП, бидејќи Германија загуби од Италија во последното коло, во Ц групата.
Германците завршија на второто место во групата со шест бодови и гол разлика 5:1, додека Словачка која го освои второто место во А групата имаше шест бодови и гол разлика 6:3.
„Многу сум разочаран, сите сме разочарани. Со должна почит кон Англија и Шпанија за мене овој турнир заврши, немам намера да го гледам понатаму. Она што го приредија Италијанците и Германците е голем срам за фудбалот“, изјави селекторот на младата словачка репрезентација.
Италија успеа да стигне до полуфиналето благодарение и на триумфот на Данска над Чешка (4:2). Минималната победа им го обезбеди првото место, а Германија заврши на второто бидејќи имаа за еден гол подобра разлика од Словачка.