Дома Фудбал Славјето на македонските навивачи кога Барди постигна гол (ВИДЕО)

Славјето на македонските навивачи кога Барди постигна гол (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија вчера на гостински терен против Словенија одигра 1:1 во рамките од второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2020.

Словенија стигна до предност во првото полувреме, а потоа на стартот од вториот после само две минути игра Енис Барди ја искористи одличната топка од Алиоски за да изедначи на 1:1.

Тој гол на Барди се покажа како последен на натпреварот, иако ние имавме добри прилики и да стигнеме до гол за целосен пресврт.

На трибините во Словенија имаше и прилично добар број македонски навивачи, а во продолжение погледнете како славеа во моментот кога Барди ја погоди мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Струмица до Шкотска: Мато ја памети поддршката што ја доби во Македонија

Роџерс Мато со благодарност зборува за Брера и Вардар, клубовите во кои се афирмираше пред…