Шесткратниот шампион на Франција Бордо поминува низ најтешките денови од своето постоење.
Клубот кој е формиран во 1881 година и чиј дрес го носеше еден Зинедин Зидан работи со принудно раководство откако сопствениците, фирмата „Кинг Стрит“ соопшти дека се повлекува од финансирањето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Проблемите за Бордо започнаа поради пандемијата со коронавирусот и прераниот крај на минатата сезона, клбуот изгуби значајни приходи, дополнителен проблем е банкротот на агенцијата за медиумски права „Медијапро“ минатата година.
Во сезоната 2008/2009 Бордо последен пат беше шампион на Франција, а Купот на Франција го освојуваше пет, пати (последен пат во 2013). Сезоната 1995/1996 Бордо стигна до финалето д Купот на УЕФА. Тогаш за клубот играа фудбалери како Зидан, Криштоф Дугари, Ричард Вичге, Биксент Лизаразу…