Славниот американски атлетичар Џастин Гетлин одлучи да ја заврши кариерата на негова 40-годишна возраст.
Гетлин во кариерата ќе остане запаметен како освојувач на златен медал на Олимписки игри на 100 метри, но и суспензија поради допинг. Тој беше еден од најголемите ривали на Јусеин Болт, најдобриот спринтер на сите времиња.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гетлин олимписко злато освои пред скоро две децении во 2004 година во Атина. Тогаш делницата ја истрча за 9.05 секунди, меѓутоа две години подоцна заработи суспензија од четири години.
„Патеката ми донесе и радост и солзи, како и лекции кои никогаш нема да ги заборавам“, порача Американецот.
Во 2012 година во Лондон Гетлин освои бронзен медал на 100 метри, потоа сребро на Светските првенства во 2013 и 2015 година, како и во Рио де Женеиро во 2016.