Дома Фудбал Италија Скриниар вети: Ќе си го променам името ако освојам Лига на шампиони со Интер!

Скриниар вети: Ќе си го променам името ако освојам Лига на шампиони со Интер!

Дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар истакна дека е спремен уште долги години да остане во Милано и да го носи дресот на „нероаѕурите“.

Скриниар истакна дека негова најголема желба е да ја освои Лигата на шампиони со Интер и даде „инетерсно“ ветување доколку му се оствари сонот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, дефанзивецот вети дека ќе си го промени името доколку освои Лига на шампиони со Интер.

„Нормално дека сакам да освојувам трофеи. Сон на секој фудбалери е да ја освои Лигата на шампиони. Ќе биде фантастично ако успеам тоа да го направам со Интер. Ако се случи тоа ќе го додадам името на клубот до моето, ќе бидат „Милан Интер Скриниар“. Мојата цел е долги години да го носам дресот на Интер“, истакна Скриниар.

Словакот летото 2017 година пристигна во Интер од Сампдорија и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа.

Тој е мета на многу европски гиганти, но тврди дека не размислува за трансфер и сака уште долги години да остане на „Џузепе Меаца“.

„Имам фантастичен однос со фановите на Интер. На почетокот не беше така, бидејќи кога пристигнав не ме познаваа многу. На последниот меч на Сан Сиро целиот стадион ми аплаудираше кога без заменет. Тоа беше фантастична емоција за мене. Хамшик остана 12 години во Наполи, јас сум спремен да останам исто толку во Интер“, изјави Скриниар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…