Пензионираниот словенски судија Дамир Скомина не се сложува со исклучувањето на Русија од сите натпреварувања под рамките од УЕФА и ФИФА.
УЕФА и ФИФА вчера донесоа одлука со која и збрануваат на Русија и руските клубови да се натпреваруваат во Европа. Многумина се сложуваат со оваа одлука, но има и такви кои сметаат дека политиката не треба да влијае на спортот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не се сложувам со војната и се што им наштетува на луѓето, но кога во фудбалот се меша политиката, тоа е лошо. Ако Русија биде исфрлена од сите натпреварувања, тогаш треба тоа да се направи и со земјите кои го напаѓаа Блискиот Исток повеќео д 20 години“, порача Скомина.
Скомина имаше голема доверба од ФИФА и УЕФА и беше еден од најдобрите судиите во светот. Во 2019 година ја доби довербата да го суди финалето во Лигата на шампионите.