Дома Фудбал Репрезентации Сколари повторно на “Стариот континент“!

Сколари повторно на “Стариот континент“!

Како што пренесува ‘А Bola’, Луис Фелипе Сколари ќе стане нов тренер на Спортинг Лисабон.

Овој 69. годишен тренер, кој во 2002. година со Бразил го освои СП, од 2009 година работи надвор од европските граници.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последниот ангажман на “Стариот континент“ го имаше пред девет години во Челси, а тоа беше и негов единствен ангажман во Европа. Работеше и пет години во репрезентацијата на Португалија, со која играше финале на ЕП 2004.

Последниот ангажман го имаше во кинески Гуангжу Евергранде, со кој освои три титули во кинеската Супер лига.

Тој ја прифати понудата на Спортинг, ќе потпише двегодишен договор, а во наредните денови би требало да биде објавено и официјално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познати дресовите на Србија, Швјацарија, Чешка, Австрија и Исланд за Европското првенство

Репрезентацијата на Србија успеа да се избори за пласман на Европското првенство кое летов…