Пинг понгарската федерација и понатаму продолжува со промоцијата на пинг понгот како спорт, кој припаѓа во групата на олимписки спортови.
Пред почетокот на пандемијата со корона вирусот беше потишан договор за соработка со Федерацијата за училишен спорт, во чии рамки требаше да се реализира проект за тренинг на учениците од повеќе основни училишта ширум државата. Корона пандемијата го оневозможи комплетното реализирање на тој проект.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Деновиве претседателот на ППФСМ Горан Тиловски и претседателот на Специјална Олимпијада Љупчо Петровски потпишаа меморандум за соработка кој го обврзува партнерите во овој меморандум да ја исполнат целта преку заедничка соработка да придонесат за вклучување на лицата со интелектуална попреченост во спортот, спортски натпревари , промовирање на здрав начин на живеење, да се подигне јавната свест за лицата со интелектуална попреченост како и едукација на теми поврзани со овие целни групи.
Меморандумот е потпишан со времетраење од една година со автоматско обновивање на периодот за соработка.ППФСМ за почеток на лицата членови на Специјална олимијада ќе им помогне со помош во вид на донација на спортска опрема и реквизити за пинг понг.