После поразот во финалето на Копа Либертадорес од Ривер Плата, аргентинскиот стручњак Барос Скелото одлучи да ја напушти Бока Јуниорс.
Поразот од најголемиот ривал во финалето на Копа очигледно било премногу за овој менаџер, кој само неколку дена после тоа соопшти дека го напушта клубот. Скелото оствари одлични резултати со Бока и не му требаше долго да пронајде друг клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Аргентинецот е официјално назначен за нов тренер на ЛА Галакси. Така Скелото ќе има доволно време да се припреми за новата сезона и што подобро да се запознае со Ибра и друштвото.
„Доволно ја познавам лигата и знам колку Галакси е важен во МЛС. Ова за мене е голема шанса и верувам дека донесов добра одлука. Играв во Америка и знам за каква лига се работи. Сакам како тренер да се пробам надвор од Аргентина и понудата од ЛА Галакси едноставно не можеше да се одбие.“ – изјави Скелото.