Повторно започнува добро познатата тема, но сега со нова епизода.
Екипата на Барселона ќе се обиде повторно да го доведе Фелипе Кутињо, оваа вест ја потврди познатиот новинар на „Скај Спорт“, Гилијем Балаг кој иначе во текот на целото лето тврдеше дека од овој трансфер нема да има ништо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Балаг од свои инсајдерски информации потврди дека Барселона во јануари ќе понуди 80 милиони евра за Бразилецот, што е 40 помалку отколку во август.
Од друга страна „Ливерпул ехо“ весник кој е близок до клубот од „Енфилд“ тврди дека ставот на „црвените“ не се променил и дека Кутињо не е на продажба, меѓутоа изјавата на Клоп повторно ја отвори оваа приказна.
Имено, Германецот повторно даде чуден одговор на прашањето дали е вистина дека Кутињо конечно ќе биде пуштен да замине.
„Дали навистина очекувате да дадам одговор на ова прашање во овој момент. За таа тема не би можел сега да разговарам“, изјави Клоп.
Останатите англиски медиуми, денес пренесуваат дека Клоп ќе се согласи да го продаде Кутињо доколку во јануари го доведе Дракслер од ПСЖ.
Германецот не е прв план кај Унаи Емери, а повикот од Ливерпул би можел да го промени текот на неговата кариера.