Дома Трансфер зона „Скај Спорт“ најавува изненадувачки трансфер на Дибала

„Скај Спорт“ најавува изненадувачки трансфер на Дибала

Пауло Дибала веќе извесно време e во потрага по нов клуб откако беше објавено дека како слободен играч си заминува од Јувентус.

Главна причина што не се договори со Јувентус се честите проблеми со повредите, но и актуелниот стил на игра на Јувентус, кој не му одговараше на овој благороден фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако му се верува на „Скај Спорт“, Дибала би можел да направи трансфер во клуб кој може да игра „погрд“ фудбал од Јувентус, со оглед на бројните опструкции и дефанзивни тактики. Во прашање е Атлетико Мадрид.

Гледајќи го индивидуалниот квалитет, „јорганџиите“ имаат навистина фантастичен тим заедно, но дефанзивниот пристап со многу попречување на играта на противникот е нешто поради кое Атлетико е најмногу критикуван.

Одењето во Шпанија можеби ќе му одговара на Дибала, каде одбраните на противникот не се толку силни како во Италија, особено ако се земе предвид „кревкото“ тело на овој 28-годишник.

Засега најголем интерес за Дибала покажа Интер, а пристигна и одбивањето од Тотенхем, конечната одлука се очекува до крајот на месецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…