Дома Трансфер зона „Скај Спорт“: Манчестер Сити го купува Грилиш во најголемиот трансфер во англискиот фудбал!

„Скај Спорт“: Манчестер Сити го купува Грилиш во најголемиот трансфер во англискиот фудбал!

Вчера се појавија првите најави, а денес и „Скај Спорт“ најавува голем трансфер на Џек Грилиш.

„Скај Спорт“ не важи за таблоид како „Сан“ и некои слични медиуми, па затоа кога тие ќе објават значи дека ситуацијата е посериозна. Сити според нивните информации понудил 117 милиони евра за Грилиш.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако дојде до реализација на ваков трансфер тогаш тој би бил најголемиот во историјата на англискиот фудбал. Досегашниот рекорд го држи Пол Погба кој при доаѓањето во Јунајтедо Јувентус беше платен 89 милиони евра.

Претходно се најавуваше трансфер на Хари Кејн за слична сума, но од тоа не излезе ништо посериозно.

Грилиш за Астон Вила настапува од 2012 година и собра 213 настапи на кои постигна 32 гола. За англиската репрезентација има 12 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…