Дома Фудбал Репрезентации „Скај“ открива: Роналд Куман нов селектор на Холандија!

„Скај“ открива: Роналд Куман нов селектор на Холандија!

Поранешниот менаџер на Евертон Роналд Куман во вторник ќе биде преставен за нов селектор на репрезентацијата на Холандија, пренесува „Скај“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Куман (54) е без работа од октомври кога заработи отказ во Евертон поради лошите резултати после кои клубот се најде во зоната на испаѓање.

Холандија нема селектор од ноември кога Дик Адвокат ја напушти репрезентацијата бидејќи не успеа да се пласира на Светското првенство ова лето.

Како што наведе „Скај“ Куман ќе биде четвртиот селектор на Холандија откако Луис Ван Гал ја напушти репрезентацијата после освојувањето на третото место на Светското првенство во 2014 година во Бразил.

Гус Хидинк тогаш го замени Ван Гал, а потоа селектори беа Дени Блинд и Дик Адвокат, а Холандија не учествуваше ниту на Европското првенство во 2016 година во Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Очајнички потег на Бенфика да го привлече Мурињо за Лисабон пред Реал Мадрид

Управата на Бенфика е решена да го задржи својот главен тренер Жозе Мурињо, додека расте и…