Дома Фудбал Италија „Скај Италија“ најавува: Наскоро потпис во Торино кој ќе ги израдува навивачите!

„Скај Италија“ најавува: Наскоро потпис во Торино кој ќе ги израдува навивачите!

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели подготвува нов договор за долгогодишниот член на „старата дама“ и како што пренесуваат медиумите во оваа земја наскоро ќе следува и официјализирање.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот на Јувентус, Џорџо Киелини ќе потпише нов договор со екипата на Јувентус.

Италијанските медиуми денес пренесуваат дека централниот дефанзивец на „старата дама“ ќе потпише нов договор кој ќе има важност до јуни 2020 година, пренесува „Скај Италија“.

Киелини во Јувентус пристигна во 2005 година и со „старата дама“ до сега освои седум Скудета, четири трофеи во Купот на Италија и три Суперкупа.

За тој период вкупно настапи на 358 натпревари и постигна 25 погодоци.

Во минатото настапуваше за Ливорно, Рома и Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(Видео) „Лудило“ во Мадрид: Алварез се враќа во градот, „шпионите“ веќе се појавија

Кога на 22. јуни, по победата против Австрија на Светското првенство, изјави дека сака да …