Дома Трансфер зона Скаутот на Барселона „се фати“ за работа: Ова се желбите на каталонскиот гигант

Скаутот на Барселона „се фати“ за работа: Ова се желбите на каталонскиот гигант

Според пишувањата на „Mundo Deportivo“, Хозе Мари Бакеро, скаутот на Барса, минатиот викенд беше во Холандија, каде што ги гледаше настапите на неколку играчи на Ајакс.

Станува збор за Матјес Де Лигт, Џастин Клајверт, Френки Де Јонг и Дони ван де Бек. Како што пишува споменатиот извор доколку на лето Вермален го напушти клубот или Мина си замине на позајмица, Барса ќе направи се за во своите редови да го доведе Матјес Де Лигт. Неговото доаѓање би чинело околу 40 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од другата страна, Френки Де Јонг ќе биде потенцијална мета во случај Денис Суарез, Андре Гомес или Алеш Видал да го напуштат клубот. Дали овие трансфери ќе се реализираат, останува да видиме.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…