Динамо Загреб е клуб кој изминатите две децении важи за расадник на таленти, кои ги продава на големите европски гиганти.
Готово секоја година Динамо прави барем еден голем трансфер, а имињата на Модриќ, Манџукиќ, Ковачиќ, Брозовиќ… доволно говорат за нивата школа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Модрите“ сега повторно имаат нова генерација на таленти која игра одлично и во Лига Европа каде се пласираа во осминафиналето.
Фантастичниот шпански интернационалец Дани Олмо во моментов е највреден експонат на хрватскиот клуб и за него интерес покажувата голем број на европски гиганти.
Олмо е производ на школата на Барселона, кој сега блеска во дресот на Динамо и е млад шпански репрезентативец. За него силен интерес покажуваат голем број европски ганти меѓу кои Баерн Минхен, Милан, Ливерпул, Барселона, Реал Мадрид.
Скаутите на Баерн Минхен и Милан веќе подолго време ги следат настапите на Динамо Загреб, а покрај Олмо на радарот имаат уште неколку таленти.
На радарот на споменатите клубови е и играчот за врска Никола Моро, кој има 20 години и млад хрватски репрезентативец.
Третото име е 18-годишниот Антонио Марин, кој игра на позиција крилен напаѓач и важи за нов „бисер“ на хрватскиот фудбал.
https://youtu.be/9Fo0HkwE8-0