Скаутите на Манчестер Јунајтед синоќа присуствуваа на италијанското дерби Наполи – Јувентус, а причината беше белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс, пренесува „Газета дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова уште повеќе ги разговоре шпекулациите за наводното заминување на крилниот напаѓач на крајот на сезоната и преселба на „Олд Трафорд“.
Мертенс во моментов води преговори за нов договор со Наполи, но се појавија информации дека двете страни не можат да постигнат споразум околу висината на платата.
Во исто време веќе засилено се шпекулира дека Белгиецот е на списокот со летни засилувања на Жозе Мурињо и дека би можел да го облече дресот на „црвените ѓаволи“ ова лето.
Наводно Мертенс веќе имал средба со раководството на Манчестер Јунајтед и дал согласност за преселба на „Олд Трафорд“.