Дома Останати Кошарка Скариоло: Македонија има квалитетни играчи, посебно Вајли – мораме да бидеме на највисоко ниво!

Скариоло: Македонија има квалитетни играчи, посебно Вајли – мораме да бидеме на највисоко ниво!

Maкедонската кошаркарска репрезентација утре ја чека натпревар против Шпанија, а селекторот на „црвената фурија“ Серџо Скариоло истакна дека Македонија е тим кој може да им направи проблеми, посебно го пофали Џејкоб Вајли.

Против Шпанија утре ќе го отвориме главниот циклус од квалификации за Светското првенство во 2023 година откако нашата селекција го помина претквалификацискиот филтер. Скариоло ги предупреди своите кошаркари дека Македонија е квалитетен ривал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Македонија има играчи за европско ниво, посебно мислам на Џејкоб Вајли. Вајли има голем потенцијал и тој е кошаркар кој може да ни направи многу проблеми. Ќе играме против селекција која има брзи играчи и агресивни плејмејкери. За да победиме ќе треба да одиграме на највисоко ниво“, изјави Скариоло.

Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија се игра утре со почеток во 19:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…