Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Скапо ги плативме лошите пет минути, Украина остана во игра за ноакут фаза 🎥

Скапо ги плативме лошите пет минути, Украина остана во игра за ноакут фаза 🎥

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Македонската фудбалска репрезентација денес го одигра вториот натпревар на Европското првенство, против селекцијата на Украина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Украина од самиот почеток беше подобрата репрезентација на теренот, ја имаа иницијатива се играше пред нашиот гол, иако на моменти и ние содававме по некоја шанса. Таквата игра Украинците ја искористија на брзина после половина час прво Јармоленко го отвори резултатот, а само некоја минута подоцна Јаремчук зголеми на 2:0.

Со предноста од 2:0 Украина замина на полувреме. Македонија веднаш на отварањето на вториот дел имаше одлична прилика преку Адеми, но украинскиот голман успеа да го одбрани неговиот удар.

Очигледно беше дека тргнавме по се или ништо и добро ни одеше се играше пред голот на Украина. Во 57 минута добивме пенак, Алиоски не го реализираше, но за наша среќа одбиената топка ја смести во мрежата.

И после голот ние продолживме со добрата игра, сепак не успеавме да дојдеме до изедначување. Треба да се спомене дека Столе Димитриевски одбрани пенал на Малиновски на десетина минути пред крајот.

Следниот натпревар Македонија го игра во понеделник против селекцијата на Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…