Напаѓачот Гонзало Рамош не ги исполни очекувањата на Луис Енрике и би можел да го напушти Пари Сен Жермен во случај на вистинска понуда.
Португалецот во текот на летото пристигна на „Паркот на принцовите“ од Бенфика и тоа на позајмица, но поради фер-плејот за потоа во 2024 година да плати сума од 65 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Рамош не го убеди Енрике дека може да биде водечка „деветка“ во неговиот систем. Во досегашниот дел од сезоната Рамош постигна четири гола и запиша една асистенција на 19 натпревари, а на теренот помина вкупно 889 минути.
Во случај на вистинска понуда, ПСЖ ќе преговара и со Бенфика околу остатокот на исплатата и со заинтересираните клубови кои сакаат да го откупат.