Дома Фудбал Останато Скандал: Хрватски репрезентативец суспендиран две години поради допинг!

Скандал: Хрватски репрезентативец суспендиран две години поради допинг!

Maрио Вушоковиќ, 21-годишниот стопер на германски Хамбург и младата репрезентација на Хрватска е прогласен за виновен за користење допинг, пресуди Фудбалскиот сојуз на Германија во Франкфурт.

Кај поранешниот дефанзивец на Хајдук во септември беше потврдено присуство на еритропоетин (Епо), хормон кој го регулира создавањето на црвените крвни зрнца кои себе можат да носат повеќе кислород и така да ги подобрува неговите можности.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Суспендиран е на две години, а казната ја потврди неговиот клуб ХСВ. Младиот фудбалер го чека казна и нема да може да игра фудбал се до 14-ти ноември 2024 година.

Вушковиќ има право на жалба, но ако казната остане на сила под знак прашалник се доведува неговата кариера. Договорот со ХСВ му важи до 2025 и на пазарот би се вратил после долга пауза и со голема дамка.

Сепак, тој тврди дека може да го докаже спротивното.

„Невин сум и заедно со семејството и адвокатскиот тим работам за тоа да го докажам. Никогаш не сум мамел во спортот и никогаш нема тоа да го правам. Ниту на најлошиот непријател не му го посакувам тоа низ што јас и моето семејство поминавме во изминатите неколку месеци. Секој ден се надевам дека овој кошмар ќе заврши“, изјави Вушковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…