Партизан вчера загуби од Реал Мадрид и „краелвите“ успеаа да изедначат на 2:2 во серија, а сега одново ќе играат во Мадрид.
Меѓутоа по овој натпревар се појави момент кој судиите и делегатот за време на средбата не го забележа. Во последниот напад од втората четвртина кога Анѓушиќ за малку задоцни да постигне три поени Партизан имаше шест играчи на паркетот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На теренот тогаш влезе Ексум, а никој не излезе, но судиите не забележаа. Навистина голем пропуст кој не смее да се случува на нависоко ниво. Од Реал веројатно нема да има поголеми реакции бидејќи нивниот тим го доби натпреварот, а сигурно ќе беше поинаку ако шпанскиот гигант беше поразен во Белград што ќе значеше елиминација за нив.