Голманот на репрезентацијата на Перу, Педро Галесе е приведен во Мадрид по физичката пресметка со локалната полиција.
Голем инцидент се случи изминатата ноќ во Мадрид каде што во судир влегола фудбалерите на перуанскиот национален тим и шпанската полиција. Перуанците стигнаа во престолнината на Шпанија каде што ги очекува пријателски натпревар со Мароко, а физичката пресметка се случила пред хотелот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Делегацијата од Јужна Америка пред хотелот ја чекаа околу 300 навивачи, а во еден момент дошло до пресметка помеѓу неколку фудбалери и шпанската полиција.
На крајот бил приведен голманот Галесе, но според последните информации тој е ослободен и против него нема да биде поднесена кривична пријава.
Que pasó con la policía española ¿? que vergonzoso momento con los integrantes de la selección 🇵🇪 esto es un abuso 🤬🤬🤬 pic.twitter.com/2Ap2rdaL5Q
— El tío Cuto (@eltiocuto) March 27, 2023