Дома Фудбал СКАНДАЛ ВО ЛИГА ЕВРОПА! Грците му порачаа на целиот свет: Косово е Албанија!

СКАНДАЛ ВО ЛИГА ЕВРОПА! Грците му порачаа на целиот свет: Косово е Албанија!

Срамен потег на грчките навивачи на натпреварот од групната фаза против Ајакс, кога покажаа порака за Косово и Албанија.

На натпреварот од второто коло од групната фаза на Лига Европа меѓу АЕК и Ајакс, кој во синоќа се одигра во Атина, навивачите на домашната екипа истакнаа транспарент „Косово е Албанија“, на само неколку метри до огромната фотографија на Михалис Качурис (29), навивач кој беше убиен пред нешто помалку од два месеци во навивачки конфликт предизвикан од хулиганите на Динамо Загреб.

Како што може да се дознае од социјалните мрежи, пораката на трибината со најжестоките поддржувачи на АЕК не била истакната од навивачите со албанско потекло, па останува да се види како Грците дошле до идеја да прикажат контроверзен транспарент на овој натпревар, кој може да предизвика нови тензии на навивачката сцена.

Фотографијата од трибината брзо се рашири на социјалните мрежи:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчини повика 31 фудбалер: Нови лица во Италија за Франција и Белгија

Чисе, Лонтани и Касано се меѓу фудбалерите што чекаат деби за Италија. Палестра се враќа, …